петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Поучна лекција пред почетокот на учебната година: Седнете со вашето дете…

Поучна лекција пред почетокот на учебната година: Седнете со вашето дете…

На социјалните мрежи се споделува статус со поучна лекција пред почетокот на учебната година

Наскоро започнува новата учебна година.

Седнете со вашето дете и објаснете му дека да се биде многу висок, низок, дебел, слаб не е причина за смеење…

Или ако ученикот носи очила или исти чевли секој ден.

Објаснете му на вашето дете дека стариот ранец ги носи истите соништа како и новиот.

Ве молиме научете го вашето дете да не исклучува никого затоа што е сиромашно или „различно“.

Објаснете му на вашето дете дека малтретирањето боли и дека оди на училиште за да УЧИ, да се едуцира.

Образованието започнува од дома!