Познатиот келнер, но и комичар Тим Дан од Њујорк откри 5 пијалоци кои тој никогаш не би ги порачал во кафуле.
Мохито
Според него, ќе добиете лоши и неквалитетни состојки како сушено нане и трула лимета. Наместо тоа, тој препорачува да порачате Бакарди и газиран сок.
Точено пиво
Тој открива дека овој пијалок е полн со бактерии од бурињата кои речиси и никогаш не се чистат. Вели дека доколку сакате да проверите дали тие ги чистат бурињата, треба да го проверите тоалетот на кафулето.
Коктел со млеко
Популарен пијалок во американските барови и е „White Russian“ за кој се вели дека се користи млеко со поминат рок.
Наливно вино
Најчесто е суперевтино и со лош квалитет.
Ладен пијалок
Во секој ладен пијалок секако се додава мраз кој се користи од ледоматите кои исто така никогаш не се чистат.