вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Овие намирници често ги јадете и пиете, а тие ви предизвикуваат несоница

Овие намирници често ги јадете и пиете, а тие ви предизвикуваат несоница

Дури и ако немате проблем со сонот, добро е да знаете кои намирници предизвикуваат несоница.

Добриот и редовен сон е неопходен за нормално функционирање на организмот и борба со дневните задачи на брзиот начин на живот.

Еве за кои намирници станува збор:

  1. Конзервираното и чаденото месо го поттикнува излачување на стимулансите кои нè одржуваат будни и нè прават нервозни.
  2. Дури и мала количина на чоколадо содржи од аминокиселината тирозин, која доведува до пореметен сон.
  3. Сите енергетски пијалаци, содржат високо ниво на кофеин, што ја поттикнува напнатоста и излачувањето на адреналинот.
  4. Зачинетата и кисела храна, како и јадењата со чили, го отежнуваат варењето на храната, а тоа го пореметува сонот.
  5. Алкохолот предизвикува дехидратација и го поттикнува мокрењето. Заради тоа често се будиме.