петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Природни маски за коса кои ќе им решат големи проблеми на жените – направете си ги дома

Природни маски за коса кои ќе им решат големи проблеми на жените – направете си ги дома

Маската со маслиново масло ја одржува косата здрава на студот во есен и зима.

Измешајте 2 супени лажици сок од лимон со 2 лажици маслиново масло. Додадете две лажици вода и добро измешајте.

Се применуваат на косата и скалпот, оставете да отстои мешавината 15 минути.

Измијте без шампон.

Овој метод исто така помага против првут. Опција е и маска од 2 скршени жолчки од јајце, додадете 2 супени лажици маслиново масло и 1/2 чаша вода. Нанесете на скалпот и оставете 20 минути. Оваа маска може да се направи почесто од два пати месечно.

Ако косата ви е од мешан тип, можете додека е влажна да нанесете маска, приготвена од сок од еден презрел плод манго и 3 лажици маслиново масло. Не треба да ставите шапка или крпа на глава.

По 20 минути, се мие без шампон.

Маска со јајце се препорачува против губење на косата. За да ја подготвите, треба да измешате 1 јајце со 2 лажици рицинусово масло, 1 лажичка оцет и 1 лажичка глицерин.

Постојано мешајте ја смесата додека не стане хомогена. Нанесете на корените. Покријте ја главата со топла крпа, оставете ја со маска помалку од 20 минути, измијте со топла вода.

Ако оваа постапка се повторува најмалку еднаш неделно, за само еден месец ќе забележите дека вашата коса почнува да станува подебела, сјајна, мека и полесно да се четка.