четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Прва помош: Овие работи сигурно ги имате дома, а тие најбрзо ќе ви помогнат да се ослободите од црвенило ако ве касне комарец

Прва помош: Овие работи сигурно ги имате дома, а тие најбрзо ќе ви помогнат да се ослободите од црвенило ако ве касне комарец

Мраз

Мразот може да го намали црвенилото и отокот на кожата исто како кај алергиските реакции. Немојте никогаш да го ставате ледот директно на кожата бидејќи може да ја оштетите. Наместо тоа, завиткајте ја коцката лед во ткаенина и притиснете на местото каде ве каснал комарецот.

Сода бикарбона

Веќе се познати многуте начини на примена на содата, а овој пат може да ја користите за третман на кожата. Едноставно помешајте лажица сода бикарбона со малку вода, а потоа, добиената паста намачкајте ја на кожата.

Мед

Најдобро е да не го носите надвор на себе бидејќи ќе привлечете повеќе инсекти, но медот може да ви помогне да го смирите воспалението. Причината за тоа е антибактериското и антивоспалителното својство на медот.

Паста за заби

Пастата за заби која содржи ментол и сода бикарбона може да го намали отокот и болката. Ставете тенок слој на кожата и причекајте да се исуши. На крајот измијте го местото со ладна вода.