четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Психолозите со важно предупредување за родителите кои имаат деца тинејџери

Психолозите со важно предупредување за родителите кои имаат деца тинејџери

За да ја канализирате нервозата на тинејџерите, мора да престанете да ги навредувате и омаловажувате. Психологот Питер Џејкоб вели дека секоја навреда во нив пробудува нова агресија, а тоа е тогаш еден маѓепсан круг.

-Ако адолесцентот го навредите или понижите, тој се полни со негативна енергија и возвраќа со напад, вели психологот.

Тој советува дека на тинејџерот мора да му се помогне.

– Морате да му помогнете кога ќе видите дека нешто не му оди од рака, дека има проблеми и е нервозен, а не уште повеќе да му отежнувате, додава Џејкоб.

-Суштината е тинејџерот да го поттикнете да ја испразни негативната енергија и безопасно да ја искаже својата лутина. Наместо веднаш да се казни кога лошо се однесува, прво разговарајте со него, сослушајте го, научете го да се цени себе и другите. Ако го пофалите за сè добро што прави, тогаш можете да му го свртите внимание и на негативните ситуации, без страв дека ќе се налути, појаснува Џејкоб.