Миранда и Џош Крафорд имале проблем со зачнувањето, па затоа посетиле доктор и со вештачко оплодување станале родители. Но тоа било само почеток на нивната фантастична приказна, пишува „Littlethings“.
Како медицински техничари, отсекогаш сакале големо семејство – најмалку три или четири деца.
Откако го родила првото дете Миранда сакала уште, па една година потоа посетила доктор. Тие во нејзината матка вградиле два ембриони, а по шест недели ја информирале дека ќе добие близнаци.
Но, четири дена после тоа, следувал вистински шок – Миранда и Џош дознале дека ќе станат родители на четворка!
– Јас бев шокирана, исто така и докторите. Вакво нешто не виделе во својата кариера, – изјавила Миранда.
Целата бременост била премногу тешка, а Миранда мислела дека ќе абортира или дека предвреме ќе се породи. Но , се поминало во најдобар ред.
Сепак, младите родители ги очекувал уште еден шок. Миранда не само што родила четворка, туку и два пара близнаци!
-Делење на ембрионот се случува еднаш во сто случаи на вештачко оплодување. Ваков процес може да се случи и во природно зачнување, но е многу поретко, изјавил докторот Џејмс Грифо.