сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

РОДИТЕЛИ, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Дете останало парализирано откако јаболко му се заглавило во грлото (ВИДЕО)

РОДИТЕЛИ, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Дете останало парализирано откако јаболко му се заглавило во грлото (ВИДЕО)

Неихен Ренат од Нов Зеланд имал 22 месеци во мај 2016 година кога парче овошје се заглавило во неговото грло додека престојувал во градинка во Роторио.

Откако дошло до компликација, наставници се обиделе да го отстранат овошјето и започнале реанимација уста на уста. Меѓутоа момчето влегло во срцев застој во траење од 30 минути, што довело до губење на кислород, што пак довело до тешка церебрална парализа.

Пред инцидентот, момчето било живо, често времето го минувало надвор, а денес не може да оди, зборува, ниту да го помера своето тело.

Покрај тоа, тој бил склон подложен на инфекции во градите и присилен често да ја посетува болницата. Поради целата ситуација, неговата мајка решила да запише медицина за да знае како да се грижи за него.

По инцидентот започнала цела промена во правилникот на исхрана во јаслите во градинката, па од 2017 година на децата помали од три години, јаболките и други тврди овошја и зеленчуци можат да им се служат само рендани, пасирани, варени или во вид на пире.