петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Родители, поради оваа ваша грешка децата имаат расипани заби

Родители, поради оваа ваша грешка децата имаат расипани заби

Децата кои редовно пијат овошни сокови многу почесто имаат проблеми со забите.

Експертите препорачуваат да не се даваат многу сокови на децата. Подобро тоа да биде чај, млеко или вода.

Овошните сокови содржат голема концентрација на киселина, која води до стоматолошка ерозија, односно оштетување на заштитниот слој на забите. Ова не значи дека не треба воопшто да се пијат овошните сокови, бидејќи тие содржат многу полезни материи, но шеќерот и киселината во нив предизвикуваат кариес.

Затоа тие препорачуваат после секоја консумација на сок, забите да се мијат, за да не се дозволи киселината и шеќерот продолжено да делуваат. Или пак ако не сте во можност веднаш да ги измиете забите, тогаш треба да ја исплакнете добро устата со вода.

Кога родителите им даваат често на своите деца овошни благи сокови, прават голема грешка.