Многумина од нас употребуваат дезодоранси против потење во утринските часови, пред да се облечеме и да излеземе од дома. Сепка, една докторка тврди дека не би требало да го ставаме на телото во ова време.
Докторката Давн Харпер тврди дека поголемиот дел од луѓето го користат дезодорансот на лош начин, односно оти никогаш не би требало да се става во утринските часови, туку навечер.
Како што вели, кога го ставате за време на ноќта вие всушност му давате на дезодорансот време да се исуши под пазувите – што е круцијално за неговата ефективност.
-Со аплицирањето навечер, пред да одите на спиење, ќе му дозволите потполно да се исуши. Оставете го за време на ноќта и исперете го остатокот од дезодорансот наутро со сапун и вода, вели Харпер за британски „Сан“.
Докторката вели дека е важно дезодорансот да се испрска на сува кожа и оти треба да се уверите дека пазувот е тотално сув пред облекувањето. Може дури да се користи и фен.
А најважно, според неа, е да се уверите оти вашиот дезодоранс е всушност антиперспирант.
-Многу спрејови се дизајнирани да мирисаат убаво, а всушност не се дизајнирани да го спречат потењето, заклучува Харпер.