среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Се венчал со 14 жени и бегал со нивните пари

Се венчал со 14 жени и бегал со нивните пари

Маж од индиската покраина Одиша, по име Бибу Пракаш Свејн (64), со лажно име Рамеш Свејн, е уапсен затоа што се оженил со 14 жени и ги измамил за парична корист.

Полицијата го уапси Свејн по повеќе обвиненија, вклучувајќи и фалсификување документи и измама според индискиот Закон за брак, којшто јасно укажува на кривичното дело бигамија. Бракот со две или повеќе жени е нелегален и казнив како кривично дело. Обвинетиот првпат се оженил во 1982 година.

„Профилите на овие жени велат дека се високообразовани и имаат клучни позиции во различни организации од приватниот и владиниот сектор“, се вели во полициските извештаи. Споделувајќи повеќе податоци за Свејн, властите соопштија дека „обвинетиот таргетирал жени на интернет-страниците за брак, се венчал со нив и потоа бегал со нивните пари“.

Повеќето од жените жртви барале емоционална сигурност бидејќи или биле „во поодмината возраст“ за брак, или разведени.

Тој се претставувал како адвокат или лекар, додаде полицијата. Измамникот бил откриен од неговата 14-та сопруга. Таа била учителка која живеела со него и дознала за другите бракови. Се оженил со неа во Делхи во 2018 година.