четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Сега е вистински период за одгледување зачински билки во кујната

Сега е вистински период за одгледување зачински билки во кујната

Во есенското и зимско сивило, прозорец со изобилство на зелени билки сигурно ќе ви го разведрува расположението, а истовремено ќе имате свежи ароми на дофат на раката.

Време е да се одлучите на ваков потфат, па дури и ако некои растенија не преживеат, секогаш можете да засадите нови.

Засадувње од семе

Билките во тегли од супермаркет може да изгледаат бујно и здраво, но ако сакате вашите растенија да живеат подолго и да продолжат да растат, не сметајте на инстант растенија. Растете ги вашите растенија или од садници или од семиња на начин што ќе распоредите десетина семиња во тегли со земја и ќе ги покријте со мал слој почва, добро ќе ги наводените и само ќе треба да почекате да растат.

Видови кои напредуваат во затворен простор

Додека некои видови билки се среќни во затворен простор, други не се исплатува да се обидувате да ги одгледувате.

Во затворен простор успешно растат лорберот, ментата и магдоносот, а би можеле да ви успеат и рузмаринот и мајчината душичка.

На растенијата што се одгледуваат во затворен простор е важно да им се обезбеди Важно е да се обезбеди доволно светлост, што лесно се постигнува со југозападна ориентација на прозорците, а ако немате таква среќа, вклучете светилка.

Со поставување на рефлектор на растојание од 15 см од растенијата и обезбедување на 6 до 8 часа светлина на ден, ќе им овозможите на растенијата убаво да растат.

Редовно вртете ги саксиите најмалку еднаш неделно. Слободно сечете ги и користете ги растенијата во кујната, бидејќи на тој начин го поттикнувате нивниот раст, единствено не треба да исечете повеќе од една третина од растението одеднаш.

Обезбедете добра циркулација на воздухот за растенијата.

Медитеранските растенија сакаат алкална почва, па затоа, кога ги засадувате, добро е да измешате лушпи од јајца со малку вода, а потоа додадете лажица од добиената смеса во една саксија почва и добро измешајте.

Наводнувајте ги растенијата околу двапати неделно, односно кога почвата е сува на допир. На крај, запомнете дека растенијата успеваат подобро кога имаат повеќе простор, затоа секогаш изберете поголеми тегли.