Прочитајте ги следните шест причини зошто е добро да јадете кикирики.
Кикириките одлично се вклопуваат во слатките, совршени „друштво“ се додека го гледате вашиот омилен филм. Но кикириките се повеќе од тоа, а ова се нивните лековите својства.
Го намалува холестеролот
Иако спаѓа во намирниците кои содржат висок број на масти и калории, бројни студии покажале дека кикириките може да делуваат превентивно на срцевите заболувања и го намалуваат холестеролот и триглицеридите и тоа без покачување на телесната тежина.
Го регулираат нивното на шеќер во крвта
Истражување објавено во стручниот магазин „ British Journal of Nutrition“ покажало дека путерот од кикирики или кикириките може да го одржуваат стабилно нивото на шеќер во крвта во текот на денот, ако оваа намирница сте ја консумирале за појадок. Овој позитивен ефект нема да изостане и ако подоцна во текот на денот изеде ручек богат со јаглени хидрати.
Го намалува апетитот
Наведеното истражување покажало дека кикириките исто така го намалуваат апетитот, но влијаат и на зголемено лачење на хормонот кој предизвикува чувството на ситост.
Содржи „добри“ масти
Покрај тоа што позитивно влијаат на намалување на вишокот килограми, кикириките е богати со таканаречени „добри“ масти кои позитивно влијаат на здравјето на срцето, но и целокупното здравје.
Ја зголемуваат концентрацијата и способноста за паметење
Кикириките содржат многу витамин Б3, кој покрај бројните лековити својства е познат по тоа што помага во нормалното функционирање на мозокот и ја зголемува способноста за паметење, односно меморијата.
Содржи лековити нутрутиенти
Во секое зрно кикирика се наоѓаат многу хранливи состојки, кои делуваат позитивно на вашиот имунитет и на општото здравје. Кикириките содржат единствени биоактивни состојки кои делуваат како антиоксиданти и делуваат превентивно на многу болести. Богати се со витамини Б1 и Б3, Е, магнезиум, цинк, калциум, манган