среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

РЕЦЕПТ: Топчиња со путер од кикирики

РЕЦЕПТ: Топчиња со путер од кикирики

Состојки:

400 мл кондензирано млеко
3 супени лажици путер од кикирики
1 лажица путер
4 лажици какао
1/2 чаша сечкани кикирики

Подготовка:

Во помал сад измешајте ги кондензираното млеко, путерот од кикирики, стопениот путер и какаото во прав. Нежно динстајте на умерен оган со постојано мешање додека смесата не се згусне, околу 10 минути. Оставете да се излади најмалку 45 минути. Со лажица направете топчиња меѓу дланките и валкајте ги во сечкани кикирики. Оставете во фрижидер да се излади неколку часа.

СОВЕТ: Намачкајте ги дланките со путер за смесата да не ви се залепи за рацете.