четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ШМИНКАТА ЌЕ ОСТАНЕ НЕДОПРЕНА ЦЕЛ ДЕН: Направете си сами спреј за „фиксирање“! Ви требаат само овие три работи

ШМИНКАТА ЌЕ ОСТАНЕ НЕДОПРЕНА ЦЕЛ ДЕН: Направете си сами спреј за „фиксирање“! Ви требаат само овие три работи

Станува збор за спреј што го прскате по вашето лице по шминкањето, со што се фиксирање шминката да остане на место и да трае подолго. Можете да го купите овој одличен и корисен производ, а можете да го направите сами во неколку едноставни чекори и со минимално трошење пари!

За да направите спреј за фиксирање на шминка, ќе ви требаат:
– пластично шише со пумпа за прскање
– дестилирана вода
– растителен глицерин

Начин на подготовка:
Истурете дестилирана вода и растителен глицерин во шишето, во обем од 2/3 од дестилирана вода и 1/3 од растителен глицерин. После тоа, добро протресете и подготвен е за употреба. Испрскајте го веднаш по завршувањето на апликацијата за шминка и можете да го повторувате неколку пати во текот на денот.

НАПОМЕНА: спрејот за фиксирање на шминката најдобро се користи во првите 2 недели, бидејќи тогаш состојките се свежи и имаат максимална ефикасност.

Тајната на домашниот спреј за фиксирање на шминката е во растителниот глицерин. Растителниот глицерин е леплив на допир и во допир со кожата се лепи за шминката, со што се фиксира и не се мачка додека не го измиете лицето. Кога ќе го разредите со вода, лепливоста се намалува, но ефектот останува.

Исто така, нема да имате чувство на затегнатост и лепливост на лицето, бидејќи самата структура на глицерин е лесна и неоптоварувачка за кожата. Растителниот глицерин ќе ја храни и хидрира вашата кожа и ќе ја направи мека и еластична.