Секоја нова година носи нови трендови, посебно кога станува збор за модата.
Со доаѓањето на новата година, доаѓаат и нови трендови, а некои се повторуваат, како што тоа често се случува. Судејќи според трендовите, 2018-та ќе биде се, само не обична година, барем кога модата е во прашање.
Главна модна инспирација денес наоѓаме во уличната мода, а трендовите, наместо модните дизајнери, ги диктираат познатите модни блогерки. Социјалните мрежи како инстаграм и пинттерест владеат со светот, па одговорот на тоа што ќе биде модерно во 2018 година, го имаат токму тие.
Висок струк и широки панталони
Висок струк и широки панталони ќе бидат популарни и оваа година. Овие модели се многу шик и женствени. Популарни се и ѕвонарките, но имајте на ум дека овој модел не му прилега секому.
Силни бои
Со доаѓањето на пролетта сите почнувме да носите светли и весели тониви, а темните бои ги оставаме зад себе. Затоа не треба да не чуди што оваа пролет што следува, во тренд ќе бидат силните бои односно сите нијанси на зелена, жолта, портокалова и сина.
Точки
Освен класичните цветни дезени, кои преовладуваат во последните сезони, сега на голема врата се враќаат точките. Повторно ќе ги носат романтични жени, а точките ги има на маици, блузи, здолништа…
Чевли со бисери
Облека украсена со бисери е во тренд некое време, а ќе носиме обувки украсени со овие додатоци.
Впечатлив накит
Впечатлив накит и слични модни додатоци како хулахопки, марами или шешири веќе некое време се во тренд, а ги носат само оние најхрабрите кои не се плашат да бидат поинакви. За крај на зимата и почетокот на пролетта се носи беретка.