Испитување на мислењето спроведено месецов меѓу 4.200 корисници на услугите за барање работа во Русија, покажува кои се најнепријатните и најиритирачки особини кај колегите со коишто работите.
Испитаниците имаа да изберат не повеќе од три опции како одговор.
Според резултатите, на прво место на списокот е лицемерството – со 40 отсто од одговорите на испитаниците. Навиката за озборување и сплеткарење го зазема второто место – така мислат 34 отсто од луѓето.
На трето место, според 33 насто од испитаниците е непочитување кон работата на другите. Натаму, 32 отсто од анкетираните ја идентификувале непрофесионалноста како иритирачка, а неодговорноста ги затвора првите пет – 23 насто од испитаниците го посочиле тоа.
Натаму следат караниците (20 отсто), мрзеливоста (15 отсто), тесни погледи и предрасуди (13 отсто), малодушност (9 отсто), лоши манири (7 отсто), лоши навики (5 отсто) и „друго“ коешто го избрале три отсто од испитаниците.