Честопати, при чистење на куќата, не обрнуваме жвнимание на овие предмети, а треба.
Добро е да се знае дека ниту дома не сме заштитени од бактерии. И во нашиот дом има места или предмети што можат да бидат извор на нечистотија и патогени микроорганизми.
Човек никогаш не би ни помислил колку патогени живеат под еден покрив.
Експертите од германската лабораторија „Charles River Laboratories“ во своето истражување во 2016 година ја проучувале површината на 30 предмети во домаќинството, а на нив откриле околу 340 видови бактерии.
Добро е познато дека кујнскиот бар, мијалникот, фрижидерот, тастатурата и сите рачки бараат редовно чистење и дезинфекција, бидејќи тие често се допираат и се во контакт со храна.
Сепак, уште четири точки во домот исто така се сметаат за критични.
Завеса во када или туш кабината
Една студија за безбеден дом докажа дека завесата може да има дури 60 пати повеќе патогени од тоалетното седиште.
Површината на завесата е една од најзагадените предмети во бањата, поради дневниот туш и постојаната влажност што одговара на микроорганизмите. Покрај редовното чистење, важно е да се истегне завесата помеѓу две туширања за да се исуши.
Држач за четки за заби
Студија на Американската национална санитарна фондација (NFS) изброи повеќе од 3 милиони микроорганизми на само 10 квадратни сантиметри од површината на држачите на четки за заби.Иако не се сите микроорганизми штетни бактерии, препорачливо е редовно да се чисти таа чаша.
Копчиња на шпоретот
NFS исто така привлекува внимание кон копчињата за шпорет. Ние често забораваме да ја исчистиме таа површина, па многу бактерии се населуваат таму. Бидејќи често се допираат за време на готвењето, тие мора редовно да се чистат со крпа за дезинфекција или раствор на оцет и вода.
Апарат за кафе или апарат за загревање на вода
Лоши вести за љубителите на кафе и чај: грејачи на кафе или вода се користат секојдневно, но многу ретко се чистат. Препорачливо е да ги исчистите овие апарати во согласност со упатствата.
Ако посветите поголемо внимание на чистењето на критичните точки во станот, навистина можете да живеете во хигиенски многу побезбедна средина без патогени микроорганизми.