„Ќе јадеме повеќе салата“, „Ќе јадам само овошје и ќе ослабам“, „Ќе ми биде доста кога ќе има домати и сирење“… сето тоа се само празни приказни, бидејќи истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе се дебелеат во летото.
Ова важи дури и за децата, иако нема долго седење на училиште и вршење домашна работа.
Експертите велат дека причината лежи во начинот на живот кој се менува во лето.
– Има многу повеќе собири, секогаш има некои прослави, свадби, годишнини кога пријателите се гледаат, а секој викенд се поминува со скара – тврди американскиот психолог Хејли Перлус.
Во текот на летото се пијат големи количини на сок и други безалкохолни пијалоци, од кои многу содржат високо ниво на засладувачи. Преку алкохолните пијалоци и разните вкусни коктели влегуваат силни „скриени“ калории.
Ниту летните слатки не се „безопасни“, бидејќи постојано не теши тоа што се „само овошни“ задоволства, а се полни со креми и шеќер. Така е и со сладоледот – едноставно, не можеме да одолееме за да се оладиме. Денот е подолг, па се зголемува и времето во кое уживаме во храната и пијалоците.
Како да излеземе од овој „маѓепсан круг“ кој нè води до дебелеење?
За почеток, нутриционистите советуваат засладените сокови да ги замените со незасладени чаеви или освежителна вода со вкус на краставица, јагоди или кое било друго овошје по ваш избор. Сладоледот заменете го со разладено овошје, но внимавајте и на количините.
Кога сте на прослава или патување на скара, обидете се секогаш да го „мерите“ вашиот оброк така што ќе ставите измерена количина храна во чинијата, наместо да јадете малку по малку, и сето тоа „на нога“. Тоа е единствениот начин да го контролирате вашиот дел.