Мажите и жените кои секојдневно пијат по една чаша сок од калинка, го зголемуваат нивото на тестостерон во организмот, односно тоа има многу сличен ефект како оној на вијаграта.
Зголемената концентрација на тестостеронот води до зголемена сексуална желба и при двата пола. Калинката се препорачува од експертите од универзитетот Квин Маргарет во Единбург како еден од најдобрите природни афродизијаци.
Експертите направиле експеримент со 60 доброволци на возраст меѓу 20 и 65 години кои во текот на 2 седмици пиеле сок од калинка секојдневно. Во крајот на експериментот било забележано дека кај сите учесници нивото на тестостерон драстично се зголемило.
Кај мажите било забележано и задебелување на гласот и зголемено либидо. Кај жените била констатирана зголемена сексуална желба, зајакнување на коските и мускулите. Освен тоа зголеменото ниво на тестостерон предизвикало и подобрување на расположението и меморијата како и намалување на стресот.
Претходните истражувања на сокот од калинка покажале дека тој содржи и висока концентрација антиоксиданси, кои штитат од болести на срцето и ја подобруваат циркулацијата на крвта.
Сите овие својства на калинката, заедно учествуваат при зголемувањето на сексуалната желба.