Една баба напишала писмо да новородената внука, а истото секоја девојка и жена треба да го прочита.
Драга моја, ова писмо можев да ти го напишам пред 40 години, за твојата мајка… но тогаш имав 25 години и се занимавав со други прашања: како да го прехрнам семејството, ќе можам ли да успеам да го однесам детето во градинка и стигнам на предавање. Твојот дедо работеше ноќни смени и не можеше да ми се најде кога твојата мајка по цела ноќ плачеше поради честите детски болести.
Сега имам 50 години и малку повеќе искуство кое би сакала да го споделам со тебе. Не тврдам дека знам се во животот, но јас сум твојата баба и сакам да бидеш среќна.
Не плаши се од паѓање
-Лулај се, лизгај се, вози велосипед, ролери и не плаши се да паднеш. Ќе боли, но воедно ќе научиш да бидеш брза и да станеш кога ти се плаче.
Не плаши се да го покажеш своето гледиште
-Не е твоја обврска да молчиш ако нешто не ти се допаѓа или ако со нешто не се согласуваш. Не го криј своето мислење ни поради другарство ни поради љубов. Ако не слушаат што имаш да кажепш или бараат да бидеш лојална – тргни се од такво другарство и од таква љубов.
Не срами се да се извиниш
Само храбрите девојки умеат да се извинат и да ги согледаат своите грешки, а јас баш би сакала да бидеш таква. Не е лесно да се каже: „Извини, не бев во право. Како можам да ја поправам ситуацијата? “ Но тоа треба да се научи, а кога ќе го научиш, никој нема да те победи.
Не плаши се да добиеш лоша оценка
Единица воопшто не е страшна работа. Единица ти укажува на слабите точки и ти зборува на што треба да поработиш. Слабите оценки не значат дека си глупава. Тоа ти е само мотивација за работа.
Не плаши се ако не бидеш популарна
Додека сите популарни шмизли одат по журки, губат време по разни места и со денови трошеле на закачување слики на Интернет, ти убаво ќе го совладаш да кажеме, пливањето, пеењето, јавањето и слично.
На 18 години тие популарните и понатаму ќе ги топлат столиците пред компјутерот, а ти тогаш ќе го освојуваш светот и можеби, навистина ќе тргнеш на пат околу светот.
Не плаши се од тоа што на другите ќе им бидеш „чудна“
Од тоа не се плаши ни твојата баба.
Не плаши се од заљубување
Заљубувањето еднаш ќе дојде, а ти радувај се што си пораснала.
Не плаши се од првиот бакнеж
Верувај и на својата баба дека тоа е чудесно. Не плаши се, сите жени во нашето семејство се бакнуваат прекрасно – тоа ни е во крв.
Не плаши се да се омажиш или да не се омажиш
Кога ќе пораснеш никого не треба да го интересира дали имаш бурма на рака или немаш. Но, ако си одлучила да се омажиш и да имаш семеен живот – настојувај да го запознаеш човекот на својот живот и потоа се ќе биде добро. Нема да те нервираат ниту расфрланите чорапи по целата куќа. И покрај тоа, ќе има кој да те измасира навечер и со кого да го прошеташ кучето.
Не плаши се од раѓање
Нема да те лажам – боли. Но тоа е нешто најубаво што може да се случи во животот на една жена.
Не плаши се од самотијата
Понекогаш корисно е да си сам. Може дури и да се ужива во самотијата. Само, тоа во нашето семејство не трае долго- знам јас.
Не плаши се да заплачеш
Храбрите бираат солзи. Јас сум храбра и го правам тоа што го сакам: ако сакам – плачам, ако сакам- се смеам, ако сакам – расфрлам чорапи по цела куќа.
Не плаши се да пробаш нешто ново
Не мисли на тоа колку години имаш и што ќе речат другите , земај го најдоброто од твојот живото и не е важно колку е неразумно тоа што го сакаш
Не плаши се од страдања
Со годините ќе почнеш повеќе да го цениш животот и уште повеќе да ги сакаш најблиските. А може подоцна и ти ќе напишеш писмо на своите внуци.
Не плаши се од заминување на најблиските
Долго се двоумев дали да ти го пишам ова, но ќе ги изгубиш најблиските, блсиките луѓе заминуваат, но љубовта останува…
Те сака твојата баба…