Летото заврши, но, ако човекот размислува така, доаѓа уште една одлична сезона и, како што пишува бугарскиот портал „Една“ – совршено време за нега на кожата.
Во напорите лете да добиеме „чоколаден тен“, но и давајќи му сјај на лицето со шминка и слично, честопати и целосно се заборава на здравјето и состојбата на кожата. Есента е време кога сѐ тоа правилно се надополнува.
Ако случајно во огледалото ги гледате оние црвени или бели „спомени“ од летото и траги од Сонце, топлина, пот, маски и сите „подробности“ кои „одат во полза“ на мозолчињата, нема простор за грижа. Решението почнува со правилно чистење на кожата. Втор чекор е лосионот, но важно е тој да е во согласност со кожата, особено ако таа е мрсна и проблематична.
Во тој случај, се препорачуваат лосиони со алкохол, алфа-хидрокси и бета-хидрокси и провитамин Б-17. Тие се погодни и за лицето, но и вратот, деколтето и грбот. Добро е да се нанесува еднаш до двапати на ден и резултатот нема да задоцни. Не се препорачува изложување на сончева енергија веднаш по употребата на кремата.