Момо Капор е еден од најпознатите српски писатели и сликари. Во една од неговите приказни, тој им се обратил на жените кои не одат на работа, туку се грижат за домот и сѐ што е поврзано со него.
Прочитајте ја неговата приказна и дознајте го неговото мислење за работата на домаќинките:
Во денешно време стана непристојно за жените да кажат дека се домаќинки. На прашањето: „Со што се занимавате госпоѓо?“, таа ќе почне да се туфка, ќе се замисли еден долг момент, па дури потоа ќе го изговори тоа поразително признание дека е домаќинка и дека не работи ништо друго.
Во ваков период кога жените се менаџерки, секретарки, министерки или во најмала рака бизнисменки кои имаат милиони, на домаќинките им е непријатно да кажат дека не се занимаваат со ништо друго освен со домот, бидејќи чувствуваат дека залудно го трошат животот.
А има ли нешто посвето од најчестата професија во нашите краишта? Од жртвувањето на кариерата за да се послужат најблиските со љубов, која сѐ поретко се наоѓа во нашиот живот?
Одите на пазар, го бирате најдоброто овошје и зеленчук, секој ден смислувате нови оброци кои нема да се повторуваат, притоа водите сметка да потрошите што е можно помалку, готвите, перете и пеглате, ја чистите куќата, ја одржувате блескава и удобна, плаќате сметки за струја, вода, греење и телефон, со нелагодност барате пари од сопругот за сето тоа, истовремено сте и секретарки, докторки и негувателки на семејството, а притоа им кажувате на сите дека не се занимавате со ништо.
Токму затоа, драги мои домаќинки, кога оние дами со долги и лакирани нокти ќе ве прашаат со што се занимавате, кажете им дека се занимавате со луѓето кои ги сакате!