Каква е ситуацијата на плажите во Грција покажуваат фотографиите на посетителка од Србија. Ивана Ѓуревиќ со години работи во Грција и пренесе од лице место каква е ситуацијата.
Таа вели дека на плажите се почитува физичка дистанца меѓу лежалките, келнерите носат маски, но зголемени се цените на храна и пијалоци, како и на лежалките.