Кари Голеџ од Тивертон во Велика Британија објави срцепарателна фотографија од својата 6-годишна ќерка која е жртва на злоставување од страна на врсници.
Софи поради последицаа од злоставување завршила во болница, а фотографијата објавена на Фејсбук покажува девојче кое лежи на болнички кревет.
Кари во статусот напишала дека нејзината ќерка престанала да јаде, често плачела и не можела да спие.
Во текот на вечерта 20 пати повраќала поради стресот предизвикан од злоставувањето.
– Ова е моето дете, кое од „најдобриот пријател“ толку долго било психички злоставувано што мислела дека тоа е нормално, напишала меѓу другото мајката.
Вели дека други родители ја исмејуваат нејзината ќерка на социјалните мрежи, а тврди дека во училиштето, кога укажала на проблемот, и кажале дека таму се работи на тоа дека „шестоднишни деца се однесуваат како шрстгодишни деца“, и дека на треба да и биде срам.
кари одлучила својата ќерка да ја отпише од тоа учлилиште и да ја запише во друго, затоа што не ја заштитиле тие на кои тоа им е должност.
Пријателите на социјалните мрежи ги замолила да рашират приказната, за повеќе ниту едно дете не би доживеало тоа што преживеала нејзината Софи. Врсничкото насилство често се случува и го има многу, поради тоа треба да се запре, изјавила помуѓу останатото мајката на злоставуваното девојче.