Д-р Весна Даниловац открива метод со кој ќе успеете за многу краток временски период да го доведете телото во состојба на рамнотежа
За жал, стресот ни стана секојдневие, па ни останува само да научиме како да се справуваме со него.
За да го зачуваме нашиот мир и ментална стабилност, важно е да ги знаеме методите кои ќе не извлечат од стресна ситуација.
– Кога наеднаш ќе се најдете во стресна ситуација, со движењето на телото, инстантно излегувате од таа негативна состојба – посочува д-р Весна Даниловац и открива како да го направите тоа:
– Доколку некој во разговор ви каже нешто што не сте го очекувале и се чувствувате непријатно, доволно ќе биде само малку да се вратите наназад, да го поместите телото или да направите чекор назад и веднаш ќе се ослободите од тоа чувство. Ова ви дава можност да се вратите во вашата добра ресурсна состојба и да продолжите со нормалниот разговор, во согласност со она што сте го планирале – вели д-р Даниловац.
Дали сте пробале нешто вакво порано?