четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Тој шармира сѐ околу себе: Ова дете со Даунов синдром работи како модел (ФОТО)

Тој шармира сѐ околу себе: Ова дете со Даунов синдром работи како модел (ФОТО)

4-годишниот Рајли Бакстер од Кент, Велика Британија е толкав шармер што полека, но сигурно гради манекенска кариера.

Детето е родено со Даунов синдром, а со околината комуницира со помош на знаковниот јазик Макатон. Родителите го нарекуваат “Smiley Riley”.

Сите кои го запознале Рајли едноставно го обожуваат бидејќи зрачи со ведрина која брзо се проширува и на другите луѓе.

“Го нарековме “Smiley Riley” уште кога беше многу мал бидејќи луѓето ги прави многу среќни. Кога ќе ја видат неговата насмевка, таа им го разубавува денот”, вели неговиот татко Стјуарт.

 

View this post on Instagram

 

Riley’s 1st play time in the snow! #funinthesnow

A post shared by Riley Baxter Zebedee Model (@smiley_riley2014) on

Тој додал и дека неговиот син има природен шарм кој го препознале и експертите од модната индустрија, а со тоа Бакстер потпишал договор за брендовите како “Mothercare”, познат британски ланец на трговија со опрема за деца.

Неговиот татко се присетил колку биле загрижени кога по неговото раѓање ја слушнале дијагнозата.

“Плачев. Не затоа што помалку би го сакал туку затоа што знам во каков суров свет живееме и се грижев како ќе се однесуваат луѓето со него. Тоа беше првото нешто што ми пројде низ глава, но очигледно моите перцепции беа погрешни. Сега знам дека сето тоа беше само страв од непознатото”, вели тој.

“Рајли го извлекува најдоброто од животот. Сега се занимава со моделинг и ја обожува камерата. Тој ужива во сѐ што прави и тоа го прави со насмевка, а на снимањата сака кога децата се природни”.

4-годишното момче моментално е во состојба да изговара реченици кои се состојат од два збора, вклучувајќи и “мама” и “тато”. Знае да брои до 10 и да рецитира еден дел од азбуката.

Во градинката децата го обожуваат – Рајли е секогаш во центар на вниманието.

“Еднаш задоцнивме на една детска забава на која имаше околу 20 деца. Тие беа собрани околу жените облечени како самовили, но кога го видеа Рајли, почнаа да го извикуваат неговото име и сите трчаа кон него”, вели Стјуарт.

“Тој може сѐ што прават и другите деца, само му треба повеќе време”, додал тој.