Мајките им се најдобар пријател на своите деца. Нивните совети се секогаш искрени и без оглед на тоа колку некогаш не сакаме да ги слушнеме, тие зборови се секогаш вистинити.
Мајките имаат многу повеќе мудрост и искуство од своите ќерки и затоа на своите ќерки им пренесуваат огромно знаење за да бидат среќни, задоволни и сигурни во себе.
Ова се 3 лекции кои ги учиме од своите мајки.
Ти си доволна
Убаво е да се има пријатели и да се има партнер во животот, но прво треба да се сакаме себеси за да можеме да бидеме сакани од некој друг. Треба да бидеме силни дури и во оние моменти кога мислиме дека не можеме да сметаме на никој друг. Некој што не вреди, не треба ни да биде дел од нашиот живот.
Почитта секогаш мора да е обострана
Тоа не важи само за љубовта, туку и за сите други односи во животот. Ако почитувате некого, а не сте почитувани од нивна страна, тоа е бесполезно. Кога ќе се заљубат, жените често знаат да го изгубат своето јас и да заборават на тоа што сакаат. Но, не треба да дозволуваме тоа да се случи. Почитта е најважна за сите меѓучовечки односи.
Влези во врска, но остани во неа со причина
Немојте никогаш да бидете во врска само за да не сте сами. Врската бара љубов, посветеност, несебичност и великодушност. Тоа треба да доаѓа од двете страни. Не дозволувајте вашето срце да биде скршено постојано и постојано за да сфатите дека веќе не треба да сте дел од некоја врска. Секогаш имајте причина зошто сте некаде и покрај некого.