Вашето најмило одбива да ги јаде вкусните оброци кои му ги подготвувате и секогаш ја избегнува „летечката“ лажичка која постојано го следи?
Слабиот апетит е проблем со кој се сретнуваат многу родители. Не може во сите случаи да се зборува за загубен апетит, особено кај децата кои што имаат нормална тежина, а мајката е непотребно загрижена и вели дека нејзиното дете не јаде. Кај децата коишто се хранат насилно се развива психички условено одбинање на храната.
Губењето на апетитот кај децата настанува обично по прележани болести, зголемена температура, инфективни заболувања, акутни и хронични стомачни растројства, анемија.
Лекувањето на децата што немаат апетит вклучува меѓу другото и правилен режим на исхрана.
Кога детето се храни не треба да му се читаат приказни, да гледа телевизија и воопшто да му се одвлекува вниманието со други активности. Насилното туркање на лажицата во устата исто така е штетно, бидејќи развива одбивен рефлекс кон храната и процесот на исхраната.
Вашата упорност и смиреност во стекнувањето навика кај вашето дете за редовни оброци се најголемата помош, а дополнително во нормализирањето на апетитот кај малите деца имаат: чајот од коприва, чајот од жалфија, нане, цикорија, планински чај и мајоран.
Секојдневно подготвувајте една шолја чај за вашето малечко и една шолја чај за вас и лесен појадок.