вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ВАЖНО: Кои деца најтешко го доживуваат разводот на своите родители и какви последици може да имаат?

ВАЖНО: Кои деца најтешко го доживуваат разводот на своите родители и какви последици може да имаат?

Разводот е многу непријатен процес кој психолошки ги погодува сите членови на семејството, особено децата. Затоа најголема грижа на родителите е како да ги заштитат и како да им помогнат да се справат со тоа. Како што објаснуваат психолозите, разводот може да влијае на детето на различни начини, што зависи од бројни фактори, вклучувајќи ја возраста и полот.

Овој факт може да ве изненади, но има разлики во тоа како девочињата и момчињата го доживуваат разводот.

Девојчињата многу полесно го прифаќаат разводот

Во многу семејства, мајките го добиваат старателството над децата по разводот. За девојчињата, истражувањата покажуваат дека развивањето цврста врска со нивната мајка по разводот им помага побрзо да се опорават од стресот отколку кога би останале со својот татко.

Д-р Пол Р. Амато, експерт за разводи, открил дека односот мајка-ќерка е прилично „отпорен“ на стресовите од разводот. Сепак, женските деца се многу приврзани за двајцата родители, па затоа е многу важно да се одржува добар однос и таткото да остане важна фигура вклучена во нивниот развој и воспитување.

Други истражувања покажуваат дека разводот може негативно да влијае на образованието и подоцнежните кариери на женските деца. За жал, околу 10 проценти од девојчињата кои го доживуваат ова имаат намалена желба да се снаоѓаат добро на училиште. Сепак, во просек, истражувањата покажуваат дека повеќето од нив сепак ќе бидат успешни, особено ако имаат постојана поддршка од барем еден родител.

Влијанието на разводот врз момчињата е нешто поинакво

Истражувањата покажуваат дека разводот на родителите на рана возраст го зголемува насилството кај момчињата, како што е агресивното однесување. Исто така, момчињата чии родители се разделиле имаат поголем ризик да станат склони кон деликвентно однесување во пубертетот или адолесценцијата. Тие шанси се уште поголеми доколку во браковите пред разводот имало многу расправии и навреди.

Промени во психолошкиот развој на момчињата по разводот

Разводот исто така може да предизвика значителна промена во психолошкиот развој на момчето.

Истражувањата покажуваат дека кога родителите се разведуваат, психолошката благосостојба и самодовербата на момчињата значително паѓаат, а ако се во предучилишна возраст, тие можат да станат позависни, плачливи, агресивни и пркосни. За повеќето, овие проблеми исчезнуваат по првата година, доколку родителите свесно работат на нивно надминување.

Губењето татко по развод може да има негативно влијание врз момчињата. Експертите објаснуваат дека повеќето деца по неколку години го губат редовниот контакт со татковците. Некои истражувачи, исто така, откриле дека отсуството на татко може дополнително да го комплицира или одложи развојот кај момчињата.

Поради оваа причина, експертите советуваат дека момчињата, особено оние кои штотуку влегуваат во адолесценцијата, имаат потреба од постојана вклученост од нивниот татко за да им помогне што полесно да се прилагодат на разводот.