Од родителите зависи дали децата ќе имаат здрав живот, дали ќе јадат слатки, брза храна или ќе спортуваат.
Затоа добро е да одите заедно да купувате храна и да го бирате она што е здраво.
Објаснете му на детето дека она што го купувате мора да биде свежо.
Научете го детето што е здрав производ и зошто е тоа важно.
Од мали нозе детето треба да сака да јаде овошје и зеленчук, вие мора да го научите.
Мора да му објасните дека јадењето здрава храна е вложување во иднината.
Детето нема да јаде супа ако гледа дека вие јадете чипс.
Спортот е здравје, подобро да вози велосипед отколку да игра видео игри.
Но, потребно е и време за одмор и сон.