сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Вечерва на небото ќе има „крвава Месечина“, еве од каде во Скопје ќе можете да ја видите

Вечерва на небото ќе има „крвава Месечина“, еве од каде во Скопје ќе можете да ја видите

Вечерва ќе се случи многу редок астрономски настан–целосно затемнување на Месечината, истовремено Марс ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години.

„Крвавата Месечина“ ќе имаме можност да ја видиме вечерва, 27. јули, од околу 20:30 до 00:30 часот, во зависност од местоположбата.

Помрачувањето ќе трае се додека Месечината е на една од најоддалечените точки од Земјата, па сенката ќе биде поголема отколку во текот на вообичаените затемнувања.

Затоа, Месечината, поради ефектот познат како Рајлиева дисперзија (Rayleigh scattering), ќе изгледа особено црвено.

За оние суеверни, затемнувањето на Месечината сугерира апокалиптична катастрофа.

Скопското астрономско друштво за оваа цел ќе постави телескопи на плоштадот Македонија во Скопје преку кои сите заинтересирани ќе може да уживаат во овој единствен настан.

Од таму ги покануваат сите заинтересирани да пристигнат во 20 и 30 часот. Ова ќе биде најдолгата „крвава Месечина“ во 21. век. Затемнувањето ќе трае еден час и 43 минути, а ќе почне од 21 часот.