Оваа маска ќе ја направи вашата коса нежна, сјајна, но пред се – здрава!
Тоа што е интересно е дека ви треба само една состојка.
Станува збор за морков.
Морковот добро ќе влијае на растот на вашата коса, ќе ја направи побујна и ќе ја опорави. Сè што треба да направите е да го иситните морковот и да го нанесете на темето пред да ја измиете косата. Потоа оставете го да стои 15 минути, а потоа исплакнете.
Оваа постапка правете ја еднаш неделно, а подоцна може да ја правите еднаш месечно. Тоа ќе ви помогне да го вратите изгледот на косата и ќе бидете задоволни од добиените резултати.
Морковот е богат со витамини, особено витамин А.