вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ВИДЕО: На 18 месеци ги добила првите симптоми на алопеција, на 14 години останала без влакна на телото – Денеска ја следат 600.000 луѓе

ВИДЕО: На 18 месеци ги добила првите симптоми на алопеција, на 14 години останала без влакна на телото – Денеска ја следат 600.000 луѓе

Даниела Гилберт од својата шеста година е целосно ќелава. Оваа сега 34-годишна девојка од Англија страда од алопеција откако била мала. По годините минати со нарушена самодоверба, денеска е успешна инфлуенсерка која ги споделува секојдневните предизвици и нивното надминување, а на ТикТок ја следат над 600.000 лица.

Редовно споделува снимки на кои прикажува како се шминка, но и како стручно да се стави перика.

-Кога бев тинејџерка, немаше инфлуенсери кои изгледаа како јас и тоа ми ја наруши самодовербата. Сакам да бидам личност на која младите девојки ќе може да се угледаат и да се чувствуваат нормално, изјавил таа.

Вели дека до 18 месеци имала бујна коса, а потоа нејзината мајка забележала дека дел од нејзината коса ја нема. Откако првично и рекле дека се работи за детска алопеција и дека косата повторно ќе и порасне, сепак за два години за добила конечната дијагноза.

Одлучила да ја избричи главата кога имала шест години. Од тогаш е целосно ќелава.

-Родителите ми беа неверојатна поддршка и ми кажаа дека изгледам многу кул, што ми ја зголеми самодовербата, вели Даниела.

Кога имала 14 години ги загубила сите вкална на телото, вклучително и веѓите и трепките. По почетните разочарувања во тинејџерските денови, одлучила да вежба шминкање и да се снима. Токму овие нејзини снимки почнуваат да стануваат вирални.

@danigmakeup1 Remain untouchable baby ✨ #makeuptransformation #makeuptutorial #grwm #alopecia ♬ original sound – mia (taylor’s version)

-Сакав да ја подигнам свеста за алопецијата и да им покажам на луѓето дека може да бидат убави и да се сакаат себе си. Почнав да експериментирам со шминка и сакав да се чувствувам убаво. Сега имам повеќе самодоверба од кога и да е, вели девојката.

Посебна поддршка има од своето момче за кое вели дека сака без оглед на тоа дали е со перика или не.