среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Во градот на неверојатни рекорди: Најголемиот бесконечен базен на светот со поглед од 360 степени

Во градот на неверојатни рекорди: Најголемиот бесконечен базен на светот со поглед од 360 степени

Aura Skypool е наречен највисокиот бесконечен базен во светот со поглед од 360 степени. Станува збор за базен кој се наоѓа на 50-тиот кат на Palm Tower на островот Palm Jumeirah во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.

Бесконечниот базен се простира на 775 метри квадратни и се наоѓа на височина од околу 200 метри над земјата.

Од базенот се гледа непречен поглед на прекрасната панорама на овој град со неверојатни рекорди, вклучувајќи го и највисокиот облакодер во светот – Бурџ Калифа.

До базенот има и луксузно опремен дневен простор со лежалки по нарачка. Овде се служат јадења инспирирани од азиската кујна – од салата од патки и ребра со малезиски зачини до лесна и кремаста торта со мус од мача.