четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Вознемирувачко фото: Студентка ставила фарба за коса, а потоа почна пекол со отоци на нејзината глава

Вознемирувачко фото: Студентка ставила фарба за коса, а потоа почна пекол со отоци на нејзината глава

Деветнаесетгодишната студентка од Англија на интернет го сподели своето лошо искуство со една фарба за коса.

Естел доби сериозна алергиска реакција поради хемикалијата PPD (Paraphenylenediamin).

Таа ја купила бојата во маркет во Париз каде што студира. Ја почнала препорачаната постапка за проба на бојата пред целосно нанесување, односно мало нанесување на кожата за 48-часoвен алергиски тест.

Потребни биле само 30 минути. Нејзината глава почнала сериозно да отекува.

Додека стигнала во болница, потекол и нејзиниот јазик.

За среќа, добро реагирала на инјекцијата и по 24 часа отеците поминале.

Парафениленедиамин е хемикалија која може да се најде во мастилото за тетовирање, принтерите и горивото и е познато по своит иритнанти и алергени својства.