Сите знаеме дека изреката „по утрото денот се познава“ е една голема вистина, но исто така повеќето од нас стануваат со мака по неколку одложени аларми.
Начинот на кој го започнуваме денот е важен, па затоа е важно да усвоиме некои ритуали кои ќе ја подобрат целокупната состојба на организмот. Консумирањето чаша млака вода на празен стомак има бројни бенефити за здравјето, па затоа тоа нека ви биде првата работа која ќе ја направите откако ќе станете од кревет.
Помага при слабеење
Вистина е дека тоа што наутро ќе испиете чаша млака вода нема да го намали бројот кој ќе го покаже вагата кога ќе застанете на неа, но овој ритуал го забрзува метаболизмот.
Консумирањето млака вода дополнително го чисти дигестивниот систем, спречува надуеност и помага во излачување на вишокот течност во телото, тврдат нутриционистите.
Помага во лекување на инфекции на дишните патишта
Ако имате инфекција на грлото или синусите, практикувајте да пиете една чаша млака вода наутро.
„Ако имате затнат нос, водата помага во чистењето и отворањето на дишните патишта бидејќи топлината побрзо ќе ја прочисти слузта. Температурата на течностите кои ги пиеме може да влијае и на симптомите на настинка“, вели д-р Несочи Океке-Игбокве.
Ја поттикнува дигестијата
Топлата вода го стимулира протокот на крв кон цревата и ја подобрува работата на дигестивниот систем. За разлика од ладната, топлата вода побрзо го хидрира телото, а во комбинација со храна побрзо ги топи мастите кои поради тоа стануваат полесно пробавливи.
Ги намалува болките
Топлата вода го поттикнува протокот на крв кон ткивата и овозможува опуштање на мускулите, што влијае на намалување на болката.
Тоа помага кај сите видови болки, од менструални грчеви до болки во зглобовите. Дополнително, ако испиете чаша топла вода пред заминување во кревет, побрзо ќе заспиете и подолго ќе бидете сити, па нема да се будите поради глад.