Оваа витаминска бомба или лековит еликсир исклучително е добар и проверен лек за зголемување на хемоглобинот, подигнување на нивото на крвни зрнца и подобрување на општата крвна слика.
Освен што е здрав тој е многу вкусен, а може да се користи во неограничени количини.
По две недели консумирање, проверете ја крвната слика и ќе се изненадите.
За подготовка на овој природен лек ви се потребни: 200 милилитри мед, 200 грама ореви, 200 грама суво грозје, 200 милилитри сок од моркови, 200 милилитри сок од цвекло и 2 лимони.
Измијте ги двата лимони, пресечете ги на половина и извадете им ги семките. Сомелете ги заедно со кората (ако се прскани – отстранете ја кората) и ставете ги во поголема тегла.
Во смесата од мелен лимон додадете го медот, цедениот сок од цвекло и сокот од цеден морков, па помешајте.
Потоа додадете ги ситно исецканите или мелени ореви и сувото грозје. Повторно промешајте и ќе добиете околу 1 литар вкусна и здрава лековита смеса.
Чувајте ја во фрижидер во стаклена тегла.
Консумирајте ја три пати дневно по една лажица пред јадење.