Покрај тоа што се вкусни, морковите се богати со калиум, железо, магнезиум, фосфор, манган и калциум.
Исто така богати се со витамините Б каротен, Ц, К и А.
Морковот во комбинација со мед е ефикасен во справувањето со упорната кашлица и густиот секрет од белите дробови.
Состојки:
500 грама морков
3-4 лажици мед
Начин на подготовка:
Морковите добро измијте ги, исечкајте ги и сварете ги, а потоа процедете, но сочувајте ја водата.
Испасирајте ги морковите, па заедно со медот ставете ги во изладената течност во која се вареа. Добиениот сируп чувајте го во фрижидер.
Земајте по 3-4 лажички од сирупот дневно, пред оброк.