Врските често можат да бидат полни со незгодни ситуации, бидејќи мажот и жената не знаат да ги читаат сигналите кои меѓусебно си ги испраќаат. За олеснување на таквата ситуација, Роберт Мани, автор на книгата „The guys’guy’s guide to love“ на жените им открива мали машки тајни кои ќе им помогнат да разберат како функционира машкиот мозок.
1. Несигурни се. Голем број момчиња признаваат, дека во нив се крие зрно несигурност кога им приоѓаат на жена која им се допаѓа, дури и кога изгледаат полни со самодоверба.
2. Повремено сакаат да ја заменат улогата ловец и плен. Мажите сакаат да си играат ловци, но исто така сакаат повремено да бидат и плен, поради тоа некогаш не знаат правилно да ги прочитаат сигналите од жените.
3. Не ги помнат деталите. Додека жените памтат речиси се, мажите не помнат многу работи кои ги делат со припадничките на понежниот пол. Сепак, тоа успешно го дополнуваат. Кога жената ќе му каже за својот проблем, тие веднаш се обидуваат да помогнат во негово решавање.
4. Тие сакаат кога се цени нивната смисла за хумор. Секако, сакат и кога тоа жените ќе им го покажат. Затоа жените треба да се смеат на нивните шеги.
5. Патот до нивното срце навистина води преку стомаккот. Обожуваат да јадат, не го кријат тоа и затоа оваа инфомрација треба добро да се искориси. Ако жената не сака да готви треба да излегува со него на места каде има храна, сигурно тоа ќе го цени.
6. Тие сакаат девојки кои можат да ја запознаат со мајка му. Дури и тоа ако не го направат веднаш или сакаат со запознавањето да се почека, мажот покај себе секогаш сака девојка која може да ја претстави на семејството и на пријателите.
7. Добар маж не сака жената да се менува поради него. Ако жената биде најдобра верзија за себе, се чувствува удобно и тој ќе биде среќен покрај неа.