Кикириките се омилена закуска на скоро сите, по потекло се од Јужна Америка и припаѓаат на семејството на мешунки.
Имаат одличен вкус, а и се богати со масти, протеини и други здрави хранливи материи. Кикирите се добар извор на протеини и во себе имаат голема содржина на есенцијални витамини, минерали и билни соединенија.
Не постои личност која не сака кикирики, но многумина не знаат колку придобивки имаат.
Придобивките од кикиритки се различни, па секако треба да ги додадете на списокот на секојдневна исхрана. Меѓутоа, поради високата содржина на маснотии и калории кои ги имаат кикириките, не треба да претерувате.
Меѓу придобивките за здравјето на луѓето, се чини дека ова е најпознато. Благодарение на високите нивоа на мононезаситени и полинезаситени масти, кикириките можат да го одржат човечкото срце здраво.
Особено, олеинската киселина во кикириките може во крвта да го намали лошиот холестерол (LDL) и да го зголеми добриот холестерол (HDL).
Затоа кикириките се во можност да спречат мозочен удар и коронарна болест со зголемување на здрави липиди во крвта.