вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

5 добредојдени совети ако сушите облека во домот

5 добредојдени совети ако сушите облека во домот

Како што ќе зачестат студените магливи денови, а и загаденоста ќе расте, така сушењето алишта ќе стане проблем за сите оние што немаат машини за сушење.

Надвор ќе биде невозможно, а сушењето во внатрешни услови за многумина и не е баш најповолен избор. Се смета дека мокрите алишта ја зголемуваат влагата во животниот простор за 30%.

Идеална атмосфера во собата зависи од влажноста и температурата на воздухот. Така, 20 степени и 50% влага се сметаат за идеални. Премногу или премалку влага може да предизвикаат здравствени проблеми. Ако воздухот е сув, може да ве пецкаат очи и кожа, да ви се јават главоболки, ризикот од инфекции е поголем. Од друга страна, големото количество влага може да предизвика појава на габи кои негативно влијаат врз дишните патишта.

Сушарите на струја можат да бидат ок решение, кое во странство често го употребуваат. Сепак, ако немате друг избор, туку ќе морате да ги сушите во стан, во продолжение прочитајте неколку добредојдени совети за тоа како да го намалите ризикот од влагата, создавањето габи и влажни ѕидови.

-Одберете ја најтоплата просторија, за алиштата да можат што побрзо да се исушат, но тоа да не е спална соба.

-Погрижете се да ја проветрувате просторијата што повеќе. Идеално е четири пати дневно, по 10 минути. Ако не сте во можност толку, тогаш минимум два пати.

-Најдобро е да се проветруваат повеќе простории истовремено, со ширум отворени прозорци. На тој начин ќе дојде до смена на воздухот во просторијата, ќе се намали влагата и ќе спречи ѕидовите да се изладат.

-Кога прозорците се затворени, тогаш затворете ја и вратата од собата. Така ќе спречити влагата да се шири на другите простории.

-Меѓутоа, сув и студен ден е дури и подобар за сушење алишта надвор отколку што сте си претпоставувале, така што недвоумете се следниот пат.

Извор: Fashionel.mk