Аријан Адеми останува на желбата да си замине од Динамо Загреб до крајот на овој преоден рок, без оглед на решеноста на управата да го задржи македонскиот репрезентативец во своите редови.
„Модрите“ преку клупско соопштение најавија и дека се подготвени да му дадат нов договор на Адеми, но капитенот на Динамо делува решено да си замине и нема намера да прифати продолжување на соработката со клубот во кој ја мина речиси целата своја кариера.
Хрватските медиуми обелоденија и кој е клубот што ја имал најконкретната понуда до Адеми. Иако во игра беа тимови од најсилните лиги, се чини дека нашиот интернационалец е најблиску до трансфер во Турција, и тоа во тимот на Адана.