сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Арсовски: Правдата во случајот „Рекет“ ќе биде задоволена кога главата на криминалниот октопод ќе одговара

Арсовски: Правдата во случајот „Рекет“ ќе биде  задоволена кога главата на криминалниот октопод ќе одговара

Не би рекол дека имаме независно судство. Се сеќавате дека имавме случај каде што градоначалник од редовите на ДУИ јавно излезе и кажа дека бил уценуван од страна на премиерот Заев за влијание во Врховен суд, така да очигледно е дека има влијание. А најдобар показател е дека директно Зоран Заев влијаел, нарачувал и да речам на некој начин осудувал а тоа се виде и преку СЈО, каде што Заев заедно со Катица Јанева и останатите обвинители кои што ги плаќале на некој начин преку огромни хонорари кои за 3 до 4 години изнесуваат над 10 милиони евра, вели Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат М.

Арсовски во однос на случајот Рекет истакна дека правдата ќе биде задоволена во моментот кога ќе биде најден вистинскиот нарачател на овој скандал кој што ја државата изминатиот период, посочувајќи дека на граѓаните им е добро познато кој е главата на овој криминален октопод.

-Во случајот Рекет правдата ќе биде задоволена во оној момент кога ќе се најде нарачателот на случајот, а сите знаеме кој е главата на октоподот и сметам дека се до тој момент само ќе биде едно бледо сценарио на власта која што ќе заврши полу успешно бидејќи јавноста ја знае вистината, рече Арсовски.

За влијанието на Заев врз судските процеси, Арсовски го напомена и ослободувањето на двајцата пратеници кои што во Собранието гласаа за промена на уставното име по желба на Заев, како и ослободителната пресуда за случајот поткуп каде што целата јавност виде како Заев од позиција на тогашен градоначалник на општина Струмица бараше поткуп едно евро за Вуцето, едно евро за црквата.

-Во само еден ден имавме ослободени двајца пратеници од Собранието за да гласаат согласно мислењето на Зоран Заев за промена на уставното име. Вториот момент е пресудата за поткуп односно едно евро за Вицето, едно евро за црквата, е добар показател дека Заев сам си нарачува ослободителна пресуда и третиот момент е каде што очигледно е дека во моментот СДСМ ги има полугите во правосудството, а тоа се случаевите кои што беа отворени з сериозен криминал, прислушкувањето во јавното обвинителство, на јавните обвинители и судиите, случајот со фирмите на Кочо Анѓушев, Фондот за иновации за доделените грантови, а гледаме дека поминаа година дена но се уште нема ниту еден решен случај, изјави Арсовски.

Во однос на ветингот, Арсовски посочи дека мора да е суштински ветинг а не по мерка на СДСМ.

-Ветингот мора да е суштински, а не по мерка на СДСМ, кажа тој.