среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Бакраческа: Колку подолго остане оваа власт, толку повеќе губат граѓаните!

Бакраческа: Колку подолго остане оваа власт, толку повеќе губат граѓаните!

Идејата на оваа власт е само што подолго да остане и да продолжи со тендерите. Оваа Влада за шест години не сработи ништо. Колку подолго остане оваа власт толку повеќе губат граѓаните, рече Грација Бакраческа, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата за разрешување на замениците министри.

Сомнежите се дека и со оваа реконструкција на Владата ништо нема да тргне на подобро.
„Има многу поважни теми кои ги засегаат граѓаните како на пример високите цени, инфлацијата. За ова Владата покажа дека е незаинтересирана и не прави ништо. Факт е дека дојде живот само за оние на власта“, вели Бакраческа.

Пратеничката посочи дека има проблеми во образованието, здравството, медицинскиот кадар си заминува, младите си заминуваат, земјоделците се разочарани.

„И по сите овие проблеми никој не прави ништо. Разочараност има особено во образованието, дали европските стандарди ви налагаат да не се грижите за најмладите, повторно има само бомби во училиштата“, рече Бакраческа.

Според Бакраческа владините функционери се заинтересирани само за бројките како на пример колку пратеници има владејачкото мнозинство.

„И на крај немаат ниту бројки, ниту решение за проблемите, им остануваат и наоѓаат време за своите интереси, за тендерите“, заклучи Бакраческа.