Актуелниот европски првак Вардар влегува во новата сезона со големи амбиции.
Утре ,,новиот” Вардар ќе го има првиот натпревар пред домашната јавност, а по тој повод денеска од РК Вардар го промовираа и дресот за оваа натпреварувачка сезона.
Дресот уште оваа сезона ќе биде од компанијата „Хумел“ со традиционалните ,,црвено-црни” ленти, но на него сега има сосема поинакви спонзори.
Банкарскиот гигант „Комерцијална банка АД Скопје“ ќе биде главен финансиер на вардарци. Покрај “Комерцијална Банка” , на дресот ќе го пишува името и на ,,Ватростална”, компанијата која е во сопственост на Михајло Михајловски.