На денешната седница на Комисијата за финансирање на буџет имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Павлинче Честојнова.
Таа кажа дека министерот за финансии Драган Тевдовски без никакво образложение го одбил амандманот кој е од круцијално значење за жителите од селата кои гравитираат околу општина Неготино. Имено амандманот се однесува за одделување на 50 милиони денари за асфалтирање на улици во околните села во Неготино.
-Во ова време асфалтот не е луксуз туку есенцијална потреба, вие ветувавте живот еве сега можност вашите ветувања да ги остварите, истакна Честојнова.
Таа кажа дека Владата постојано само ветувала дека ќе го подобри животот на граѓаните но ништо конкретно не се прави и дека граѓаните имаат потребни од конкретни проекти а не празни ветувања.
Според нејзе, жално е што оваа влада не води сметка за помалите општини како што е Неготино.
Предложи амандман со кој се бара да се обезбедат средства во висина од 6 милиони денари за реконструкција на патниот правец од магистралниот пат до Центарот на с. Војшанци во должина од 1 километар.
Министерот за финансии Драган Тевдовски го одби истиот предложен амандман.
Овој патен правец од магистралниот пат до Центарот на с. Војшанци го предложив и за Ребалансот на буџетот, но и тогаш без образложение ми беше одбиен. Ќе го предлагам се додека не го направите бидејќи овој патен правец е на барање на жителите на с. Војшанци и навистина им е потребен. Жално е што оваа влада не води сметка за помалите општини како што е Неготино и за нејзините граѓани, појасни Честојнова.