„Во изминатиот период се случуваа работи, не по добро, има земање класични провизии. Има злоупотреба на финансиските средства, направени се проекти за една употреба. Ја барам поддршката од граѓаните затоа што сум чесен и имам визија и знам што се потребите на граѓаните, вели кандидатот за градоначалник на општина Лозово од ВМРО-ДПМНЕ Бошко Цветковски во гостување во емисијата Студио 10 на ТВ 24.
Цветковски рече дека одлика на актуелниот градоначалник од СДСМ Велковски е да ја замајува јавноста, посочувајќи дека набавил две пинг понг маси, една корпа за отпадоци и две клупи за 15.000 евра, иронично кажувајќи за место каде што од 365 дена, ветер дува 366 дена.
-Замајувањето на јавноста ви е одлука, само тоа и го правите. На граѓаните не им се потребни пинг понг маси на подрачје каде што од 365 дена 366 дува ветер, една клупа овде чини 14.160 денари, значи за две пинг понг маси, една корпа за отпадоци и две клупи имате платено 309.013 денари. Значи ова не се проекти со кои вие го подобрувате животниот стандард на граѓаните. Значи вие имате потрошено 15.000 евра, јас нема да потрошам 15.000 евра, вели Цветковски.
Цветковски вети промена на водоводната и канализациона мрежа и решавање на проблемот со водата за пиење, укажувајќи дека жителите на Лозово пијат вода нечиста вода и покрај обидите на општината да го сокрие тоа.
-Жителите на општина Лозово најпрво треба да очекуваат чиста и здрава вода за пиење она што е најважно во моментот да се обезбеди таа чиста и здрава вода за пиење. Во последниот период знаеме дека хемиски бактериолошки водата за пиење не е исправна, но ова е вешто сокриено од страна на општината. Градоначалникот Велковски ветуваше изградба на пречистителна станица за водоснабдување, меѓутоа до ден денеска немаме ништо од тоа. Напротив имаме нечиста вода за пиење, а во поголемиот дел од летниот период и воопшто ја нема, рече тој.
Имаме испланирано да донесеме вода од системот Злетовица и да изградиме прочистителна станица. Во моментот има цевковод, донесена е водата до општина Лозово, меѓутоа ние предвидуваме филтер станица со 20 литри во секунда и цевковод од 12 километри до сите населени места. Мора еднаш засекогаш да се реши овој проблем. Во делот на Лозово знаеме дека имаме стара мрежа со железни цевки и истата мора да биде променета, нагласи Цветковски.