Поранешниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре е во Истанбул каде ќе го гледа финалето од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер.
Туре ќе навива за англискиот тим за кој своевремено настапуваше и ќе биде интересно да се види дали избраниците на Пеп Гвардиола конечно ќе го надминат „африканското проклетство“.
Речиси сите коментари на таа објава се однесуваат на една работа, познатото „африканско проклетство“ кое Јаја Туре наводно го упати кон менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Агентот на поранешниот играч од средниот ред на „Граѓаните“, Дмитри Селук, раскажа интересна приказна дека цела Африка е против Гвардиола во Лигата на шампионите.
Гвардиола и Туре немаа најдобри односи, како што тогаш тврдеше фудбалерот, поради фактот што е Африканец.
„Тој ја сврте цела Африка против него и многу африкански навивачи му го свртеа грбот на Сити. Сигурен сум дека африканските шамани исто така ќе го проколнат Гвардиола и тој никогаш нема да ја освои Лигата на шампионите. Времето ќе покаже дали бев во право“,
Иако самиот Јаја Туре изјави дека не го поддржува она што неговиот поранешен агент го кажа за Гвардиола, многу љубители на фудбалот сметаат дека причината за неуспехот на Гвардиола во Лигата на шампионите како менаџер на Сити е токму поради наведеното проклетство.
Таа теорија Гвардиола има можност да ја отфрли вечерва, кога во 21 часот се среќава со тимот на Интер во финалето на елитното натпреварување.