четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Дел од роднините на функционери си даваат откази, дел допрва се вработуваат

Дел од роднините на функционери си даваат откази, дел допрва се вработуваат

Јас не сум ја вработил за јас да барам да си даде отказ. Министерот за економија нема намера да влијае врз својата сестра да го напушти работното место во МЕПСО и покрај повикот на премиерот Заев, роднините на функционерите од власта да си бараат нова работа, објави ТВ Сител.

Заев и денеска го повтори истиот повик, потенцирајќи дека нова работа ќе мора да бараат и роднините на функционерите од ДУИ

И додека Заев бара оставки, нови канцеларии се гланцаат токму за функционерите на ДУИ

Медиумите јавуваат дека во ЕЛЕМ се вработил уште еден член од најтесното семејство на министерот Бектеши а колега ќе и биде и синот на заменик генералниот секретар во Владата, Тахир Хани.
Од опозицијата велат дека епидемијата подеднакво брзо се шири и во СДСМ и во ДУИ

До овој момент откази од работните места најавија синот на пратеникот Горан Мисовски и мајката на портпаролот на СДСМ, Фанија Костадинова. Од работното место кое не било за фалење си заминува и дедото на Кирацовски. Информацијата тој ја објави на социјалните мрежи.

„И покрај тоа што неговиот ангажман беше сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика ниту со политичари, Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно“ – напиша Кирацовски на социјалните мрежи.

Од Владата велат дека вработувањата на роднините на државните функционери ќе ги истражува антикорупциската комисија.

Извор: www.sitel.com.mk